Блинкен: САД испратија голема количина оружје во Киев пред почетокот на војната во Украина
Во два наврати пред почетокот на војната во Украина во 2022 година, во септември и декември 2021 година, САД испратија голема количина оружје во Киев за да се осигураат дека земјата е способна да се одбрани од претстојната руска инвазија, изјави денеска американскиот државниот секретар Ентони Блинкен.
Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Блинкен рече дека американските претставници сфатиле дека инвазијата на Украина ќе се случи, поради што сакале да се уверат дека сојузниците и Украина се подготвени.
„Се уверивме дека многу пред руската агресија, почнувајќи од септември и повторно во декември (2021 година), тивко испративме многу оружје во Украина за да се увериме дека тие го имаат она што им е потребно за да се одбранат, работи како што се (проектили) „Стингерс“, „Џавелинс“, кои беа клучни во спречувањето на Русија да го заземе Киев, да ја преврти земјата и да ја избрише од картата“, рече Блинкен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон: Иранската нуклеарна програма се приближува до…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…
Блинкен: САД испратија голема количина оружје во…
Во два наврати пред почетокот на војната…
Со овој моќен напиток ќе направите детоксикација…
Започнете го овој процес на чистење на…
ChatGPT доаѓа и на WhatsApp
OpenAI го лансираше ChatGPT на WhatsApp, овозможувајќи…
Кинтеро го доби назад загубеното време и…
Сет Кинтеро од Тојота е победник на…