Франција контра изјавите на Трамп за Гренланд: „ЕУ нема да трпи напади на нејзините граници“
Европската унија нема да дозволи други земји да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече францускиот министер за надворешни работи како одговор на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преземање контрола врз Гренланд, автономна територија под контрола на Данска.
Трамп одби да отфрли воена или економска акција како дел од неговата отворена желба САД да ја преземат контролата врз Гренланд и Панамскиот канал.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека не верува дека САД ќе го нападнат огромниот арктички остров, кој е дел од Данска повеќе од 600 години.
„Очигледно не доаѓа предвид дека Европската унија ќе им дозволи на другите земји во светот да ги напаѓаат нивните суверени граници, кои и да се тие“, изјави тој за радиото Франс Интер.
„Ние сме силен континент“, додаде тој.
Изјавите на Трамп дополнително ја илустрираа неговата експанзионистичка агенда две недели пред неговата инаугурација на 20 јануари во Вашингтон.
„Ако ме прашате дали мислам дека САД ќе извршат инвазија, мојот одговор е „не“. Но, дали влеговме во период во кој станува збор за преживување на најсилните? Тогаш мојот одговор е „да““, рече Баро. .
Тој порача и дека Унијата не треба да дозволи да биде заплашена или претерано загрижена, туку да се разбуди и да се зајакне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…