Објавено на:

(Видео) Украинците со дронови ги нападнаа градовите каде што Русија има воздухопловна база на бомбардери

t

Украински беспилотни летала ги нападнаа руските градови Саратов и Енгелс, каде Русија има воздухопловна база за својата флота од стратешки бомбардери, изјави гувернерот на Саратовската област.

Гувернерот Роман Бусаргин изјави дека два града биле цел на масовен напад со беспилотни летала и дека има оштетувања на индустриска зграда. Тој не кажа дали е погодена воздушната база во Енгелс.

Бусаргин додаде дека избувнал пожар во погодената индустриска компанија, но дека нема евидентирани жртви. Руските медиуми поврзани со безбедносните служби објавија фотографии на кои се гледа голем пожар, а локалните жители велат дека слушнале повеќе експлозии.

Каналот „База“ на комуникациската платформа Телеграм информира дека пожарот гори во близина на нафтениот капацитет.

Во воздухопловната база во Енгелс е сместена руската флота на бомбардери со долг дострел, која е дел од стратешките нуклеарни сили на Москва, а се наоѓа на околу 730 километри југоисточно од Москва и на стотици километри од украинската граница.

Украина и претходно ја напаѓала базата. Тројца членови на руските воздухопловни сили биле убиени во декември 2022 година кога таму бил соборен дрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украинците со дронови ги нападнаа градовите…

Украински беспилотни летала ги нападнаа руските градови…

Се укинува проверката на факти за Фејсбук…

Како што се поместува целото американско гласачко…

Макрон: Иранската нуклеарна програма се приближува до…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…

Блинкен: САД испратија голема количина оружје во…

Во два наврати пред почетокот на војната…

Со овој моќен напиток ќе направите детоксикација…

Започнете го овој процес на чистење на…