Рускиот патријарх Кирил му го честита Божик и на архиепископот охридски и македонски Стефан

t

Поглаварот на Руската православна црква – Мовковска патријаршија, Кирил, им го честита Божик на претстојателите на сите помесни православни цркви, меѓу кои и на аерхиепископот охридски и македонски Стефан.

„Срдечно Ве поздравувам и Вi го честитам светлиот празник Рождество Христово.

Со духовен трепет стоиме пред чудесната тајна на овоплотувањето на Спасителот и заедно со небесната војска торжествуваме: ‘Слава на Бога во висините и мир на земјата, a меѓу луѓето добра волја“ (Лука 2:14). ). Големината на љубовта на Создателот кон луѓето е навистина неопислива. ‘Зошто нашиот Господ зеде тело?’ – прашува монахот Ефрем Сирин. ‘Заради тоа самото тело да ја вкуси радоста на победата и за да се исполни и да ги спознае даровите на благодатта’ (Толкување на четвороевангелието).

Испраќајќи му пофалби на Спасителот роден во Витлеем, ние се молиме и за исцелување на поделбите, за укинување на нередот и на секое непријателство, за зајакнување на Неговата Света Црква, за растење на верата и за зголемување на љубовта на сите едни кон други (2 Сол. 1:3).

Ви посакувам добро здравје, мир и неисцрпна помош од Великодаровитиот Господ во Вашите понатамошни првосветителски подвизи.

Со братска љубов во Исуса Христа,

+Кирил, патријарх московски и на цела Русија“, стои во божикната честитка, во која Стефан се именува со титулата „Негово блаженство архиепископ охридски и македонски“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Груби, одраз на ароганцијата на ДУИ…

ВЛЕН со соопштение по повод најавата дека…

Рускиот патријарх Кирил му го честита Божик…

Поглаварот на Руската православна црква – Мовковска…

СОБОР НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА: Празник со кој…

Денеска е 26 декември според стар стил…

Tрамп смета дека членките на НАТО треба…

 Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави…

(Фото) Македонија има со што да се…

На натпреварот American protege, кој се одржува…