СОБОР НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА: Празник со кој и се оддава признание на мајката Божја, која го роди Спасителот наш Исус Христос

t

Денеска е 26 декември според стар стил и се празнува Собор на пресвета Богородица.

На вториот ден од Божик, христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос.

Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Неа, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест.

Во Охрид од древноста беше устроено наспроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница.

Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само 265 лица од Македонија со бугарски…

Многу слаб интерес владее во Македонија за…

Новинарка на N1 спречена да влезе во…

Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…

САД ги повлекува дипломатите и членовите на…

Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…

Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…

Нетанјаху објави слика од нуклеарка: Израел се…

Израел се соочува со егзистенцијална закана од…