Шефот на кабинет на Орбан под санкции од САД поради корупција
Министерството за финансии на САД воведе санкции за Антал Роган, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, поради вмешаност во корупција.
Вашингтон го обвини Роган дека ја користел својата функција за да поттикне системска корупција од што полза имале тој и други лојалисти на Орбан. Санкциите значат дека се блокираат сите средства на Роган во САД, а на американските граѓани им е забрането да водат бизнис со него.
„Антал Роган е центарот на корупцискиот систем во Унгарија, но не е единствениот вмешан. САД нема да се двоумат да бараат одговорност од поединци како Роган, кои ја користат моќта на нивната функција за незаконски да се збогатат себеси и нивните пријатели на сметка на нивната земја и нивните сограѓани“, објави министерството за финансии на САД.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги опиша санкциите како лична одмазда на американскиот амбасадор на заминување.
„По 20 јануари, САД ќе имаат нова влада и нов претседател и ќе ги преземеме потребните законски чекори по нивната инаугурација“, кажаа од канцеларијата на Роган.
Тој е единствениот унгарски граѓанин кој се наоѓа на американската листа за финансиски санкции. Роган се обвинува дека води систем во Унгарија во кој јавните договори и ресурси се дистрибуираат до лицата лојални на него и на партијата Фидес на Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…
Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…
Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…