Почина уште еден од ранетите во масакрот во Цетиње
Дејан Кокотовиќ од Цетиње почина денеска во Клиничкиот центар во Подгорица како последица од тешките повреди со кои се здоби на 1 јануари годинава во меаната „Велестово“ во центарот на тој град.
Ова е 13-та жртва на нападот на Ацо Мартиновиќ од Цетиње, кој на првиот ден од јануари за околу половина час уби 12 лица, меѓу кои две деца, двајца браќа и сестри.
Кокотовиќ бил ранет во стомакот, градниот кош и главата во нападот на Мартиновиќ врз сограѓаните, поради што истата вечер бил опериран во Клиничкиот центар.
За жал, напорите на лекарите беа залудни.
Во кафеаната започна крвавиот поход
Да потсетиме, Ацо Мартиновиќ (45) од Цетиње го започна масакрот во кафеаната „Велестово“ во близина на Спортскиот центар каде уби четири лица. Потоа убил уште четири во Бајице, а потоа убил две деца во селото Хумци. Мартиновиќ тргна во крвав поход и уби две лица во Доњи Краји. Кога полицијата го опколила, Мартиновиќ си пукал во глава и починал на пат кон болница.
На масовниот убиец Аца Мартиновиќ му препишале терапија, било утврдено дека е асоцијален.
Во џебот на масовниот убиец Ацо Мартиновиќ биле пронајдени дури 60 куршуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија се родиле 4.160 деца, а…
Бројот на починати и во третото тримесечје…
Нов европски успех за Македонија: Ведрана Тунески…
Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески продолжува да…
Пет нови пријави за семејно насилство во…
Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрираше пет…
Македонскиот Алшар да привлекува туристи и студенти…
Алшар треба да се заштити, да се…
ВМРО-ДПМНЕ: Владата прави се да нема никакви…
Венко Филипче и талогот на СДС никако…