ДУИ со критики кон СДСМ: Албанофобијата е политички проект
Од ДУИ реагираат дека СДСМ следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ, во очаен обид за политички опстанок, одлучиле да јаваат на бранот на албанофобијата.
„Наместо да се соочи со сопствената криза и да ја преземе одговорноста за својот тежок пораз, таа бара спас со тоа што им сервира на Македонците лажен непријател – Албанците. Но вистината е едноставна: Македонците не ја мразат ДУИ поради некаква измислена корупција – тие ја мразат затоа што ДУИ ги зајакна Албанците и ја смени старата рамнотежа на моќта.
Тие не ја гледаат ДУИ како проблем на криминалот, бидејќи токму македонските партии 30 години ја ограбуваа и уништуваа оваа земја. Денес, Македонците се манипулирани да веруваат дека Албанците се нивна егзистенцијална закана. Но кој ја шири оваа идеја?
Денес, македонските партии, предводени од експоненти на ‘српскиот свет’ како Стоилковиќ, го всадуваат кај Македонците стравот дека Албанците им се непријатели“ велат од ДУИ.
Од партијата додаваат дека во реалноста, Албанците никогаш не биле и не се егзистенцијална закана за Македонците. Вистинската закана за нив, како што посочуваат, се оние што им ја негираат црквата, јазикот, идентитетот.
Тие што сакаат Северна Македонија да остане слаба, изолирана и разединета, според ДУИ, се истите што ја внесуваат оваа психологија на страв. Албанофобијата не е спонтано чувство на Македонците – таа е политички проект, поттикнат и финансиран од странски интереси за Северна Македонија да остане заробена во конфликт и несигурност, наведуваат од партијата на Ахмети.
„ И за жал, македонските партии, наместо да го водат својот народ кон заедничка и сигурна иднина, ја користат оваа нарација за краткорочни политички профити. Но времето на овие игри истекува. Албанците нема да дозволат да бидат жртвувани за пропаднатите политики на СДСМ, ДПМНЕ или за странски агенди кои работат против Македонија. Оваа земја нема иднина изградена врз омраза и етнички поделби. Тие што денес сеат раздор, утре ќе останат сами во урнатините на нивната изгорена политика“ порачуваат од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…
Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…