СДСМ бара од Ахмети да „излезе од националистичкиот филм“

t

По реакцијата од ДУИ, СДСМ бара од лидерот на партијата, Али Ахмети конечно да излезе од националистичкиот филм. Според најголемата опозициска партија, реториката на Ахмети за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата.

-За СДСМ се неприфатливи намерните етнички провокации на ДУИ кои прераснаа во единствена стратегија на партијата. ДУИ да не заборава дека Албанците во оваа држава сакаат мир, стабилност и добри меѓуетничкиу односи. Кога ДУИ го обвинува СДСМ за албанофобија да не заборава дека во Извршниот одбор на СДСМ има Албанци и значителен број на Албанци гласаат за нашата партија, велат од партијата од „Бихаќка“.

Нагласуваат дека со своето делување „Ахмети и ДУИ му овозможуваат на ВМРО-ДПМНЕ да дополнително да ја подгрева меѓуетничката ситуација во земјата и политички да профитира“.

-Индиректно, ДУИ е таа која со своето однесување креира албанофобија, сметаат од СДСМ.

Претходно, ДУИ преку соопштение го обвини СДСМ дека ги користи политиките на ВМРО-ДПМНЕ за да опстане на политичката сцена. Од партијата велат дека СДСМ „наместо да се соочи со сопствената криза и да ја преземе одговорноста за нивниот неуспех, таа бара спас хранејќи ги Македонците со лажниот непријател: Албанците“.

Во реалноста, додаваат од ДУИ, Албанците не биле и не се егзистенцијална закана за Македонците.

-Нивната вистинска закана се оние кои ја негираат нивната црква, нивниот јазик, нивниот идентитет. Оние кои сакаат да ја задржат С.Македонија слаба, изолирана и поделена се тие кои ја вбризгуваат оваа психологија на страв. Албанофобијата не е спонтано чувство на Македонците – тоа е политички проект, поттикнат и финансиран од странски интереси за да се задржи С.Македонија заложник на конфликти и несигурност, рекоа меѓу другото од партијата на Али Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…

Проектот за реконструкција на патниот правец во…

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…

СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…

Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…