ВЛЕН: Осуда за провокациите од Бугарија
ВЛЕН со реакција и осуда на изјавите на некој, како што го нарекоа „маргинален проруски политичар во Бугарија“ кој тврди дека „нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија“.
„Ваквите изјави не придонесуваат кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту пак го олеснуваат процесот за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Сакаме да потсетиме дека Бугарија, со Договорот за добрососедство, се обврза да биде партнер, промотор и поддржувач на Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија. Коалицијата ВЛЕН во рамки на Владата вложува сериозни напори за отстранување на пречките за исполнување на условите за полноправно членство во ЕУ. Но, ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство. ВЛЕН ќе продолжи да работи на заштита на интересите на граѓаните на Северна Македонија и на обезбедување сигурен пат кон европските интеграции“, велат од ВЛЕН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…
Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…
Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…
Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…
Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…
Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…
Јотова ја слави победата на претседателските избори…
Илијана Јотова по изборната победа им се…