Во Скопје фатен турски државјанин кој избегал од затвор, бил осуден на казна од 23 години
На 10.01.2025 околу 18.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги, по претходно преземени оперативни мерки, на ул.„Бапчор“ во Скопје лишен од слобода е А.С. (44) од Анкара, Турција кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради бегство од затвор во Турција.
А.С. е осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем, а за доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови.
А.С. е предаден на надлежниот суд, за понатамошна постапка околу екстрадицијата во Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешанец е пронајден починат во својот дом
Педесет и четиригодишниот Б.Ќ од Велес вчера…
Пијан велешанец нападнал полицаец
На 13.05.2025 во 00.35 часот на улица…
Возач прегазил 50-годишен скопјанец, со тешки повреди…
Жител на Скопје завршил во болница со…
Тинејџери нападнале скопјанец во Шутка
Во СВР Скопје, М.Б.(39) од Скопје пријавил…
Приведен возач кој „летал“ со 151 км…
На 28.04.2025 во 14.50 часот на патот…