СДСМ: ДПМНЕ ги осиромашува граѓаните
Последните податоци од Државниот завод за статистика уште еднаш го потврдуваат она што секојдневно граѓаните го чувствуваат – поголеми цени, поголеми трошоци за живот и економската несигурност, велат од СДСМ во соопштение.
„Инфлацијата расте и го јаде стандардот на работниците, на граѓаните а платите стагнираат.
Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, сновните животни производи, без кои не може да се замисли ниту еден дом, поскапеле за 4,3%.
Илјадници семејства се приморани да живеат со плати кои едноставно не се доволни ниту за основните трошоци.
Додека граѓаните го чувствуваат овој економски удар, Владата на ДПМНЕ останува нем сведок и директен соучесник во осиромашувањето на народот.
Лажните „новогодишни кошнички“ кои требаше да донесат олеснување, завршија како фарса, големите трговци го зголемија богатството на сметка на народот.
Наместо да обезбеди поддршка за граѓаните и работниците, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги остава граѓаните сами.
За период од 7 години СДСМ ја зголеми минималната плата од 8 илјади на над 20 илјади денари а просечната плата од 22 илјади на над 42 илјади денари.
Нашите мерки беа насочени кон граѓаните, додека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се целосно насочени кон богатење на елитата.
Слушаме денеска како министрите и функционерите во Владата на Мицкоски со најголеми плати во државата велат дека работниците премногу бараат, многу било зголемување на платите.
СДСМ бара ДПМНЕ веднаш да ги промени овие погрешни економски политики и да обезбеди зголемување на минималната плата на 500 евра, зголемување на платите во сите сектори и укинување на ДДВ за храната.
Граѓаните заслужуваат власт која ќе го слуша нивниот глас, која ќе се грижи за нивните потреби и која ќе ги штити нивните интереси“, се вели во соопштението на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…