ФСБ: Спречен украински терористички напад со отровни материи
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави дека спречила терористички напад планиран од украинските специјални служби со употреба на токсични хемикалии во претпријатие за одбранбена индустрија во регионот Јарослав. Како што е соопштено, приведен е руски државјанин кој имал намера да истури отров во вентилационите канали на автомобилите на планираните жртви, јавуваат медиумите.
„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација спречила терористички напад планиран од украинските специјални служби со употреба на токсични хемикалии за труење на работниците во едно од одбранбените индустриски претпријатија во Јарославската област“, се вели во соопштението на ФСБ.
Беше прецизирано дека приведениот руски државјанин зел два канистери со опасни хемикалии кои предизвикуваат изгореници на дишните патишта со можност за смрт, каде тој подоцна планирал да избега во скривалиште опремено од украинските специјалци.
Според руските разузнавачи, „активностите на терористите биле координирани од територијата на Украина преку странски интернет гласници“, соопшти безбедносната агенција, пренесе Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јеменската армија се повлекува од Баб ал-Мандеб:…
Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска…
Ирански претставник: Преговорите со САД завршија
Хасан Кашкави, портпарол на Комисијата за национална…
Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство…
На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул.…
Пронајдено тело на машко лице по гаснењето…
Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна…
Бугарската опозиција бара оставка од шефот на…
Пратеничката група на „Демократска Бугарија“ бара оставка…