Православните верници го чествуваат Свети Василиј Велики, празник кај народот познат како Василица

t

Денеска е празнува Св. Василиј Велики, како следбеник на Исусовата вера, а ноќеска се прослави празвославна Стара нова година, почетокот на православната година по јулијанскиот календар. Покрај МПЦ, според јулијанскиот календар, православна Нова година слават и Српската и Руската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од Света Гора.

Стара нова година и Василица традиционално со низа обичаи се прославуваат во Македонија. Најрадосни и највозбудени се децата кои ги негуваат старинските обичаи врзани за Василица. Со дренови гранчиња одат од врата до врата, тропаат и пеат василичарски песни, а домаќините пак ги даруваат. Дреновите гранчиња симболизираат здравје, како за домаќините, така и за целата година во домот и семејството да биде здрава година. Малите василичари добиваат дарови од домаќините, пари, бомбони, мандарини, чоколади…

„Трака трака василица

дај ми бабо сланиница

да наранам дечињата

да им пукнат мешињата“.

Сура догодина повесели!

Ова е позната гостиварска василичарска песна која, рано наутро, ја пеат дечињата на денешниот празник Василица.

Според обичаите, слично како за Бадник, за Василица семејството се собира на трпеза и се крши погача или пита со паричка. Симболиката на паричката е иста, односно се верува дека оној што ќе му падне ќе има среќна и бериќетна година.

Во храмовите на Македонската православна црква утрово се служи света Василиева литургија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излезеноста во Србија до 11 часот е…

Според процената на ИПСОС и ЦеСИД, врз…

ПОВЕЌЕ ОД 70 ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО СРБИЈА:…

Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД)…

Стритинг: Велика Британија мора да биде подготвена…

Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

(Видео) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО БАРСЕЛОНА: УАПСЕНИ НАД…

Во Барселона во саботата попладне се одржаа…