Косово објави: Крај на ерата на паралелни и криминални српски општини и институции во земјата
Властите на Косово денеска изјавија дека продолжуваат со разбивање на паралелни српски институции во повеќе општини, за кои тие сметаат дека се нелегални.
Министерот за внатрешни работи Џелал Свечла утрово на социјалните мрежи информираше дека биле спроведени полициски операции во десет општини.
– Полициските операции беа спроведени во десет општини – Липјан, Обилиќ, Приштина, Фуше Косово, Вуштри, Ново Бердо, Каменица, Вити, Раховец и Скендерај – што доведе до затворање на паралелни општини, пошти и даночни канцеларии со кои управува Србија – пишува Свечла.
Министерот, оваа акција ја опиша како „крај на ерата на паралелни и криминални општини и институции на Србија во Косово“.
Елберт Красниќи, пак, кој е актуелен министер за администрација на локалната самоуправа, истакна дека вкупно 28 српски паралелни општини и нивните пет административни области во Косово се затворени.
Овие српски институции, кои функционираат од последиците на Косовската војна во 1999 година, беа прогласени за нелегални од страна на косовската влада.
Процесот за нивно затворање започна на почетокот на 2023 година, како дел од програмата на Косово за потврдување на суверенитетот и целосно интегрирање на сите области под една власт.
Како одговор и реакција на овие дејствија на косовските власти, најголемата политичка партија што ги претставува Србите во Косово, Српска листа најави претстојна средба со властите по која ќе следува изјава за медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…
Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…
Русија засега не потврдува дека прифатила какво…
Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…
Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…
Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…
Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…
Американските медиуми: Трамп е многу – многу…
Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…