Вучиќ тврди дека поддршката за студентските протести драстично опаѓа
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека поддршката за студентските протести и опозицијата драстично паѓа и дека стануваат се поагресивни и нервозни, бидејќи не знаат како да се извлечат од сето тоа.
Тој додаде дека во општеството постои однос на идолопоклонство кон студентите, но дека нивните пленуми ги смета за смешни.
„Ним сè помалку им е грижа што децата учат, но ние учиме од децата. Ајде, не правете будали од нас. Училишта постојат за наставниците да ги учат децата, факултетите за професорите да ги учат учениците, а не обратно. Но, кога ќе почнеме со поклонение и идолопоклонство, тогаш нема крај“, рече Вучиќ.
Без да ги спомене студентите, рече дека „тие“ бараат одговори од институциите, а нема да разговараат со институциите и оцени дека тоа е „тактика на ЦИА“ и дека „така се учат“.
Вучиќ додаде дека репрезентативните синдикати за образование постигнале договор со Владата за зголемување на платите, дека тоа е најголемото зголемување досега и дека секој што незаконски ќе ја прекине наставата ќе се соочи со правни последици. Тој додаде дека наставниците „го искористиле моментот“, дека „некако ја уценувале Владата“ и за една година добиле зголемување од 32 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ очекува инциденти на денешните протести во…
„Според нашата проценка, се очекува насилството да…
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
(Видео) Големи протести во Истанбул!
Во Истанбул вечерва се одржува нов протест…