Денеска се празнува Светиот пророк Малахија

t

Според временскиот редослед, тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал Ангел, можеби заради неговата надворешна убавина, или заради чистотата на душата или, пак, затоа што се дружел со Божји Ангел. Често говореше со Ангелот лице в лице. Се случуваше и другите да го чујат гласот на Ангелот, но не беа достојни да му го видат лицето. Она што му го јавуваше Ангелот, младиот пророк го пророкуваше.

Викаше кон неблагодарниот Израил и кон беззаконите свештеници. Петстотини години пред Христа јасно ја прорече појавата на свети Јован Крстител. Но, главно, тој е пророк на Страшниот Суд. Како млад се претстави кај Бога и после него немаше веќе пророк во Израилот до Јован Крстител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тепачка во Советот на Општина Кочани!

Советници во Советот на Општина Кочани денеска…

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се…

На граничниот премин Табановце за влез во…