Револуционерна гарда: Прекинот на огнот е голема победа на отпорот, Израел ќе се обиде да го прекрши
Иранската револуционерна гарда соопшти дека прекинот на огнот во Газа е „голема победа“ за палестинскиот отпор и предупреди дека Израел може да се обиде да го прекрши договорот.
Договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел, според посредниците, треба да стапи на сила во недела. Договорот предвидува ослободување на израелските заложници кои беа држени за време на 15-месечниот конфликт, објави Ројтерс.
Револуционерната гарда во соопштението нагласи дека завршувањето на војната и наметнувањето на прекин на огнот на израелскиот „Ционистички режим е јасна и голема победа за Палестина и уште поголем пораз за ционистичкиот режим“.
Иран и неговите сојузници во регионот, како што се јеменските Хути и либанскиот Хезболах, го поддржуваа Хамас за време на конфликтот.
Гардата предупреди дека доколку Израел се обиде да го прекрши примирјето, тоа нема да биде толерирано. Тие предупредија дека се подготвени за „нови војни и злосторства“.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, на „Икс“ напиша дека палестинскиот отпор и „Оската на отпорот“ поддржана од Иран го принудиле Израел да се „повлече“, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен 42-годишник кој силувал 77-годишна жена во…
На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници…
Бремените жени и постарите од 60 години…
Од денеска се активира фаза 3 од…
Пациент претепал чувар во поликлиника Драчево
Вчера во раните утрински часови пациент претепал…
Филипче: Странските директни инвестиции се паднати од…
„Според податоците на Народната банка, во однос…
Патарините го наполниле државниот буџет за над…
Од патарини во првата половина од годинава…