Објавено на:

Трамп ќе има онлајн обраќање на состанокот на глобалната политичка и деловна елита во Давос

t

Доналд Трамп ќе зборува онлајн на годишниот состанок на глобалната политичка и деловна елита во Давос следната недела, неколку дена по преземањето на функцијата претседател на САД, соопшти денеска Светскиот економски форум.

Трамп ќе положи заклетва во Капитол во Вашингтон в понеделник, 20 јануари, на првиот ден од собирот на Светскиот економски форум на швајцарските Алпи.

-Тој ќе ни се придружи дигитално“ на 23 јануари. Сметаме дека тоа ќе биде многу посебен момент и да дознаеме повеќе што има новата администрација (во однос) на приоритетите на политиката, рече претседателот на Светскиот економски форум, Борге Бренде, на брифинг со новинари.

Агендата на форумот оваа година се одржува под официјалната тема „Соработка за интелигентно доба“.

Борге рече дека шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и кинескиот вицепремиер Динг Ксуексианг исто така ќе се обратат на Светскиот економски форум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…