Починаа две новороденчиња близначиња на возраст од околу 20 дена во Прилеп

t

Две новороденчиња, близначиња на возраст од околу 20 дена, го загубија животот под трагични околности. Според информациите од јавниот обвинител Стевчо Биноски, семејството кое живее во екстремно лоши услови во селото Славеј, вчера околу пладне повикало Итна медицинска помош. Екипата на Итната помош, пристигнувајќи на местото, констатирала смрт кај едното бебе, додека второто било пренесено во прилепската болница во критична состојба, каде што подоцна починало.

– Семејството во селото Славеј повикало итна помош. Близначињата биле во тешка здравствена состојба. Екипата на итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало. Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата. Известени се надлежните, меѓу кои од Центарот за социјални работи од Прилеп, ни изјави Биноски.

Денеска во 12 часот закажана е прес конференција во Центарот за Социјални работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…