Објавено на:

Поднесено е обвинение против 10 члена на криминална група што посредувала во проституција и тргувала со дрога

t

По акцијата за разбивање организирана криминална група која се занимавала со посредување во проституција, трговија со дрога и перење пари, која беше спроведена пред точно три месеци, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинение против 10 лица и една фирма, соопштија денеска оттаму.

Според Обвинителството, седуммина од обвинетите, како членови на злосторничко здружение, се товарат за кривичното дело посредување во вршење проституција, а четворица од нив се обвинети и за делото перење пари и други приноси од казниво дело. За ова кривично дело се товари и правното лице опфатено со обвинението.

Двајца припадници на групата се обвинети за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Еден од двајцата полициски службеници, кои беа опфатени во акцијата и истрагата која уследи по неа, освен за злосторничко здружување се товари и за кривичното дело оддавање службена тајна.

Акцијата која ја водеше ОЈО ГОКК, а во која учествуваа и полициски службеници од истражниот центар на ова Обвинителство и од Одделот за организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи (МВР, беше спроведена кон средината на октомври лани. Во неа беа извршени претреси на 17 локации во Тетовскиот Регион и во Охрид, а како организатор на групата и првоосомничен беше посочен 35-годишник од селото Боговиње, кој ги организирал и координирал криминалните активности на другите припадници на групата.

„Организираната група ја создал првоосомничениот, кој ги организирал и координирал криминалните активности на другите припадници на групата која во временскиот период од 2020 година до октомври 2024 година се занимавала со посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога, а дел од обвинетите ги прикривале нелегално стекнатите приходи од овие кривични дела. Членови на криминалната група биле и две службени лица – затворски полицаец и полициски службеник“, се вели во соопштението на ОЈО ГОКК.

Во акцијата беа уапсени 13 лица, но во текот на истражната постапка, како што информираат од ОЈО ГОКК, тројца од осомничените, меѓу кои и едниот од полицајците, ги признале делата и се спогодиле со Обвинителството

„Врз основа на предлог-спогодбите на две лица за сторени кривични дела злосторничко здружување и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори им се изречени затворски казни во траење од 2 години и 3 месеци и од 1 година и 8 месеци, а службеното лице е осудено на казна затвор во траење од 1 година и 8 месеци за сторени кривични дела злосторничко здружување и оддавање службена тајна“, велат од Обвинителството.

Еден од осомничените и понатаму е недостапен за органите за прогонот, односно е во бегство и постапката против него е прекината до негово пронаоѓање.

Во рамките на постапките, како што информираат од Обвинителството, се определени и мерки во врска со вредниот недвижен и подвижен имот, запленет во истрагата. Станува збор за возила, накит, пари и часовници од значителна вредност, а кои потекнуваат од кривичните дела што ги вршеле обвинетите.

Поради поврзаноста на обвинетите и тежината на кривичните дела кои им се ставаат на товар, јавниот обвинител кој го води случајот оценил дека мерката притвор е единствената со која во моментот може да се обезбеди нивното присуство и непречено водење на постапката и во таа насока му предложил на судот притворот да му биде продолжен на секој од обвинетите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…