Ѓоковиќ за прегазената студентка: Шокиран сум, не ми се верува дека ова се случува

t

Новак Ѓоковиќ својата победа во третото коло од Австралија опен (рутински го совлада Томаш Махах 6:1, 6:4, 6:4) ѝ ја посвети на тешко повредената студентка Соња Поњавиќ, а потоа и испрати порака од далечната Австралија што побрзо да се опорави и дека е со неа, пренесува српски Спорт Клуб.

„Тоа беше адресирано до Соња која моментално е во болница. Ѝ испраќам поддршка, за да се опорави што е можно поскоро. Бев шокиран, како и сите други, кога го видов видеото. Едноставно не ми се верува дека вакви работи се случуваат во денешно време. Не знам што му клика во глава на човек да направи такво нешто, да прегази друг маж, млада жена, студент. Не знам што да додадам, освен – како и секогаш – да повикам на мир и разбирање. Јас сум против насилство од секаков вид, а се чини дека се зголемува на улиците“, изјави Новак Ѓоковиќ.

Инцидентот се случи вчера околу пладне во близина на улицата Рузвелтова во Белград, каде студенти кои ги блокираа околните факултети учествувајќи во акцијата „Застани Србија“, со која им се оддава почит на загинатите во несреќата во Нови Сад. На објавените снимки се гледа како девојка стои на тротоарот пред семафор на раскрсницата, кога автомобил влета на тротоарот и ја удри. Возачот не застанал, туку продолжил да вози носејќи ја девојката на покривот и по неколку секунди таа паднала од покривот на автомобилот на улица. Возачот на автомобилот не останал на местото на инцидентот, туку побегнал.

Стабилна е состојбата на студентката која вчера беше повредена кога патничко возило ја прегази на протест во Белград, велат лекарите.

На возачот, кој се товари за кривично дело тешко убиство во обид, му е одредено задржување до 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брутален руски напад на Киев – најмалку…

Најмалку 15 лица се убиени, а 114…

(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…

Продолжува голготата за родителите на починатите деца…

(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…

Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…

Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…