Одземен телефон на висок полициски службеник – Одавал информации на нарко кланови?

t

Висок полициски службеник остана без својот мобилен телефон. Курир дознава дека тој се сомничи дека одавал информации во врска со нарко клановите.

Според нашите информации, „кртот“ во МВР бил поврзан со клановите Беланоца/Барон, но и со Раде Трајковски – Штекли.

Министерството за внатрешни работи потврди дека Штекли е уапсен попладнево по Наредба на ОЈО за ГОКК.

Неофицијално, бил уапсен во обид за излез во земјава, во близина на хотел во Гевгелија. Тој се сомничи за трговија на дрога. Предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група.

Повеќе информации се очекуваат по завршување на акцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…

Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…

Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…

Во масовно пукање во градот Ири, во…

Москва ја поздрави пораката на Трамп за…

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…

По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…

Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива

Папата Лав XIV повторно се изјасни против…