Објавено на:

Трамп го враќа „ТикТок“: би сакал државата да стане сопственик на 50 отсто од социјалната мрежа

t

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави дека утре, на неговиот прв ден на функцијата, ќе потпише извршна наредба со која ќе ѝ се овозможи на кинеската социјална мрежа „ТикТок“ привремено да продолжи да работи во САД, истовремено сугерирајќи дека американската влада би можела да преземе делумна сопственост на социјалната мрежа.

Во објава на „Трут соушал“, неговата сопствена социјална мрежа, Трамп рече дека „нема да дозволи „ТикТок“ да остане во темнина“ откако ќе ја преземе функцијата утре.

Апликацијата од вчера повеќе не е достапна за Американците поради законот за забрана поради „загрозување на националната безбедност“, кој беше усвоен лани.

„Во понеделник ќе потпишам извршна наредба за одложување на законската забрана за да можеме да направиме договор за заштита на нашата национална безбедност. Наредбата исто така ќе потврди дека нема да има одговорност за која било компанија што помогнала „ТикТок“ да згасне пред мојата уредба“, објави Трамп.

Американскиот претседател рече дека би сакал „САД да имаа 50 отсто сопственичка позиција во во „ТикТок“ како дел од заедничко вложување“.

„Со тоа го зачувуваме „ТикТок“ во добри раце и му дозволуваме да го каже своето. Без одобрение од САД, не постои „ТикТок“. Со наше одобрение, тој вреди стотици милијарди долари – можеби билиони“, напиша Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…