Албанија ја укина едногодишната забрана на „ТикТок“

t

Албанија официјално ја укина привремената едногодишна забрана за користење на платформата ТикТок, со што граѓаните повторно добиваат целосен пристап до една од најпопуларните социјални мрежи во светот. Одлуката ја поддржа Советот на министри, оценувајќи дека прашањата поврзани со јавната и социјалната безбедност во дигиталната средина се веќе адресирани.

Како што пренесуваат локалните медиуми, одлуката е потпишана во вторник, а Националното тело за кибернетичка безбедност е задолжено да ги укине претходно воведените технички ограничувања, со што се овозможува целосна достапност на платформата на територијата на земјата. Мерката ќе стапи во сила по нејзиното објавување во Службен весник.

Албанија ја воведе забраната во март 2023 година, по убиството на 14-годишниот Мартин Цани во близина на основното училиште „Фан Ноли“ во Тирана. Трагедијата се случи по повеќедневен конфликт меѓу две групи ученици, кој ескалирал преку социјалните мрежи и завршил со смртоносен напад со нож.

Иако подоцна таткото на момчето и самата платформа тврдеа дека Мартин не бил корисник на ТикТок случајот предизвика силна јавна реакција и дебата за влијанието на социјалните мрежи врз децата и младите. Еден месец по убиството, владата реши да воведе целосна забрана за пристап до платформата.

Албанскиот премиер Еди Рама тогаш изјави дека социјалните мрежи, особено ТикТок и Snapchat, „секојдневно ги вовлекуваат децата во свои лавиринти уште од најмала возраст“, оценувајќи дека е неопходна државна интервенција за заштита на младите.

Со укинувањето на забраната, властите порачуваат дека се воспоставени нови механизми за контрола и заштита во дигиталниот простор, иако засега не се објавени детали за конкретните мерки што биле преземени. Одлуката повторно ја отвора дебатата за границите меѓу дигиталните слободи и државната одговорност за безбедноста на младите во онлајн средината во Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…

Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…

Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…

Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…

Албанија: Потонат брод од Втората светска војна…

Италијанскиот болнички брод „Po“ од Втората светска…

(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…

Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…

Албанија почнаа со поставување интелигентни камери во…

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите…