Мицкоски се сретнал со Нунес во САД

t

Премиерот Христијан Мицкоски за време на престојот на САД имал средба со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп. На средбата биле и извршниот директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на „Рамбл“ групацијата, практично речиси истите луѓе што беа во Македонија и кои веројатно му дале алиби да отпатува во САД.

„Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите што ги дава Владата за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас“, напишпа Мицкоски на социјалните мрежи.

Како што може да се види од фотографијата, на средбата не биле aмериканските преставници од делегацијаташто е показател дека и не настапуваат како држава, туку користат лични врски.

Нешто подоцна Мицкоски се пофали дека разговарал и со „најпознатиот американски новинар“ Такер Карлтон,

„Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Такер Карлсон. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно влијание во американското општество. Пријатна средба и можност за размена на мислења и ставови за Македонија и регионот. Го поканив да ја посети нашата земја“, напиша Мицкоски на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…