Трагедија во Турција: 10 загинаа, 32 лица се повредени во пожар во хотел
10 лица загинаа, а 32 се повредени во пожар што синоќа избувна во хотел во ски-центарот Карталкаја во Турција, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
Пожарот, кој избувна околу 3:30 часот во хотелот Гранд Картал во Карталкаја, еден од најголемите турски скијачки центри на надморска височина од 2.200 метри, брзо се проширил поради дрвената надворешност на хотелот, јавуваат турските медиуми.
На местото на настанот се испратени многу противпожарни служби и екипи за итни случаи.
Според првите извештаи, објави агенцијата Anadolu, луѓето кои престојувале во хотелот се евакуирани поради пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…
Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…