Тренчевска: Власта да ги прифати амандманите на СДСМ за Законот за заштита на деца
Власта наместо да ги одбива да ги прифати двата амандмани поднесени од СДСМ, кој се однесуваа за надополнување и измени за законот за заштита на децата. Власта го прекрши и деловникот за работа на Собранието при претходно носењето на овој закон, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.
– Наместо во матичното тело каде што требаше да се разгледува овој предлог на закон, и каде што му е место, тоа е во комисијата за социјална политика, демографија и млади, беше разгледуван во комисија која нема ни една допира точка со овој закон, во комисијата за труд, економија и енергетика. И иако на самата седница од страната на пратеничката група на СДСМ беше укажано дека се крши деловникот за работа, мнозинството од пратениците од власта не го прифатија, нашето укажување. И добро е што имаме укажување и од страната на претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, којашто со своето укажување вели да се преиспита донесувањето на овој закон, со нотирање на ставовите и одредбите којшто се спротиви на уставот на Македонија, рече Тренчевска.
Од тие причини, пратеници од СДСМ, заедно со коалицијата, предложија два амандмани на законот, за член 9 и 10, на постоечкиот закон на заштита на децата, со што би се постапило и по укажувањето и на претседателката, но и би се испочитувал уставот на Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…