НСПВ: До кога министерот за одбрана ќе молчи на криминалот во МО?!

t

Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје пред 2 месеци ја информираше јавноста за незаконските постапувања и прекршувања на Колективниот договор од страна на Министерството за одбрана. Денес сакаме да Ве информираме дека ништо не се променило во изминативе 2 месеци.

Повторно спротивно на член 114 од КД на МО, Раководителот на Секторот за финансии Д.Т. , не го почитува Колективниот договор на МО, и не ги доставува списоците на членовите на синдикатот врз основ на реализирани административни забрани, и покрај нашите апели до Работодавецот – Министерот за одбрана за почитување на КД. Со таквата постапка го опструира работењето на синдикатот, дава доверливи податоци на трети лица и прави директна штета на синдикатот како правен субјект.

Раководителот на секторот за финансии при МО не постапува по одлуките на овластеното лице на НСПВ СО и на незаконит начин ги доставува списоците на овластено лице на друг синдикат. Ваков хаос и самоволие на службениците нема во ниедна институција , како што е во Министерството за одбрана.Ова е само уште еден начин на МО да се сопре работењето на НСПВ покрај сите претходни блокади и опструирања кои траат цели 14 месеци.

Поради недостиг на социјален дијалог со синдикатот и прекршениот даден збор на министерот Владо Мисајловски дека проблемите во МО ќе ги разреши во месец декември, го прашуваме

Зошто дозволува незаконско постапување на своите службеници во МО цели 7 месеци ?!

До кога министерот за одбрана ќе молчи на криминалот во МО ?!

До кога ќе се дозволува на поединци да се однесуваат со Армијата и МО како приватна фирма или акционерско друштво ?!

Од ден на ден сме сведоци дека МО нема капацитет да се справи со овие незаконски постапувања на поединци, нема напредок и подобрувања во ниеден сегмент во Армијата, остана се на празни изјави и ветувања !

21.01.2025 г.

Со почит, Претседател на НСПВ СО

Александар Насковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…