СДСМ: Пациентите страдаат – Таравари и неспособната Влада ја доведоа Онкологија пред колапс
СДСМ изразува сериозна загриженост за катастрофалната состојба на Клиниката за онкологија во Скопје, каде што пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостаток на животно потребни лекови, недостаток на здравствен кадар и елементарни услови за лекување, велат од партијата.
„Оваа состојба, е резултат на неспособноста и негрижата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот Таравари кој се шета по Вашингтон и си објавува слики додека пациентите страдаат.
Недостатокот од лекови, недостигот од кадар и очигледната негрижа за потребите на пациентите се директен показател за уништувањето на здравствениот систем под раководството на оваа влада. Нивните ветувања за реформи и подобрување на здравството се покажаа уште една празна лага. Додека владините функционери трошат народни пари за луксуз, мебел, коли и замислуваат нови авиони за мининистрите македонските граѓани плаќаат со најскапото – своето здравје“ се наведува во соопштението.
СДСМ бара итна реакција за набавка на неопходните лекови и зголемување на бројот на здравствен кадар на Онкологија.
Здравјето на граѓаните не смее да биде жртва на неспособноста и негрижата на оваа власт, порачаа од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…
Откако му ги откривме сите скандали на…
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…
Кога наместо да деде одговор на конкретно…
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…