Берлин: Ова е катастрофа за американско-германските односи

t

Доверлив извештај од германскиот амбасадор во Вашингтон испратен до министерката Аналена Баербок може да ги поткопа и онака лошите односи меѓу официјален Берлин и администрацијата на Трамп.

Извештајот, напишан од Андрес Миаелис, бил наменет за Бербок, но неочекувано излезе во јавноста. Содржи остри критики за новиот американски претседател Доналд Трамп. Како што пренесуваат агенциите во него се наведува дека Трамп спроведува „агенда за максимално нарушување“ на односите.

Демократските основи и американскиот систем на поделба на власта, се додава, се значително ослабени со доаѓањето на Трамп во Белата куќа. Ваквиот став доаѓа од човекот кој требаше да ја претставува германската влада на инаугурацијата на Трамп.

Фридрих Мерц, лидер на демохристијаните, го опиша извештајот како катастрофа за германско-американските односи.

„Тоа е голем удар за угледот на германската влада во Вашингтон. Таква влада нема брзо да најде соговорници во Вашингтон“, рече Мерц во интервју за јавниот сервис „Дојчланд функ“.

Крај на политиките за заштита на климата, царини за европските стоки, нов империјализам што се изразува, меѓу другото, во тврдењето на правата на Панамскиот канал и Гренланд: Доналд Трамп е олицетворение на најлошите стравови на германските политичари.

И покрај тоа, германскиот канцелар Олаф Шолц реши да испрати честитка и да му посака „сила и успех“ на новиот американски претседател во извршувањето на неговите претстојни задачи.

Тој во писмото додава: „Заедно можеме да обезбедиме клучен поттик за слобода, мир и безбедност, како и за просперитет и економски развој на двете страни на Атлантикот“.

Меѓутоа, Шолц не беше присутен во Вашингтон, ниту пак Фридрих Мерц, лидер на опозициските демохристијани.

Трамп, од друга страна, покани политички истомисленици, како италијанскиот премиер Џорџо Мелони и аргентинскиот претседател Хавиер Миел.

Повеќето германски политичари навестија или отворено изјавија дека повеќе би сакале да ја видат Камала Харис, американска демократка, во Белата куќа.

Со еден исклучок: десничарската партија Алтернатива за Германија (АФд) навива за Трамп.

Доверливиот човек на Трамп, Илон Маск, јавно ја промовира АфД на неговата платформа Х во средината на кампањата за германските избори на крајот на февруари („Само АфД може да ја спаси Германија“), а тој го именуваше канцеларот Шолц со погрди зборови според некои извештаи на Дојче веле.

Додека Олаф Шолц првично зазеде конфронтирачки став кон Трамп и, на пример, остро ги критикуваше тврдењата на Трамп за Гренланд, Фридрих Мерц покажа пофлексибилен пристап кон прашањето наречено Трамп од самиот почеток.

Според анкетите, Мерц има добри шанси да стане канцелар по изборите на 23 февруари, а потоа како германски премиер ќе мора директно да соработува со Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…