Чуму ви е таква историска победа кога пак коленичите пред ДУИ и ВРЕДИ?!
Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска на Фејсбук постави прашање до ВМРО-ДПМНЕ: Чуму ви е таква историска победа кога пак коленичите пред ДУИ и ВРЕДИ?!
Во продолжение целата објава на Мојсоска.
– Министерската Весна Јаневска потврди дека во новиот изменет предлог-закон е тргнат членот за интонирање на химната во училиштата, за да не се “ширело етнички тензии”. Односно, влада со 64 пратеници не може да усвои да се интонира химната САМО на почеток и крај на училишната година, додека пратениците од ДПМНЕ не пропуштаат да се пофалат со “историската изборна победа”.
Па, чуму ви е таква историска победа кога пак коленичите пред ДУИ и ВРЕДИ?!
П.С. Од бранковистите од ЗНАМ што ќе биле гаранти за македонските национални интереси само молк, додека смислуваат изговори за да не ги намалат патните трошоци на пратениците. – стои во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…
Кога наместо да деде одговор на конкретно…
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…
Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…
ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…
ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…