Затворени многу институции ширум Србија, во тек е генерален штрајк на повик на студентите
Во Србија се одржува генерален штрајк на повик на студентите за блокади. На повикот да се прекине работата на 24 часа се одзваа културни институции, адвокати, некои училишта и неколку стотици приватни компании, а најавени се и протестни маршеви низ улиците на Белград.
Студентите ги повикаа граѓаните да не одат на работа на 24 јануари, како и да не се занимаваат со никакви набавки или други финансиски трансакции. Повеќе од 200 бизниси претходно потврдија дека ќе ја прекинат работата во знак на солидарност со студентите.
Во еднодневен штрајк е и Републичкиот синдикат на културата. И адвокатите најавија протест пред Претседателството на Србија.
Голем број основни и средни училишта во Србија го продолжија прекинот на наставата што ја започнаа на 20 јануари, придружувајќи се на барањата на учениците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истражување на МКД.мк: Граѓаните се задоволни од…
Мнозинството од испитаниците се задоволни од квалитетот…
Итна безбедносна средба во Полска по информации…
Полските безбедносни служби одржаа итен состанок по…
Сопругата на Ѓоко Ристов: Од кога е…
По реакциите на јавноста, по неодамнешното сведочење…
Мицкоски: Македонското достоинство не е предмет на…
Што се однесува до отвореното прашање со…
(Фото) Слаб одѕив на настанот на СДСМ…
Настанот организиран од СДСМ во Прилеп се…