Дете во Волково возело автомобил во кој биле пронајдени неколку пиштоли

t

Петнаесетгодишно детет, во четвртокот вечерта, само возело автомобил, во кој полицијата пронашла неколку пиштоли.

-Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Истрагата е поведена бидејќи осомничениот во неговиот автомобил Ауди А8 неовластено држел огнено оружје и муниција – два пиштоли, едниот со калибар 7,65мм, а другиот со калибар 9мм со по четири куршуми за секој од нив. Во автомобилот бил пронајден уште еден пиштол за кој осомничениот имал дозвола за поседување со осум куршуми и уште два сигнални пиштоли.

Оружјето било пронајдено во автомобилот што го управувал малолетниот син на осомничениот. Детето кое месецов наполнило 15 години било запрено од полицијата додека возело во Волково во вечерните часови на 23 јануари.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот татко – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице, одземање на патната исправа, одземање на возачката дозвола, но и забрана за неговиот малолетен син, други малолетни лица или други неовластени лица да имаат пристап во просторија или во домот каде што има огнено оружје, информираат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Индија се откажа од купување на руските…

Индија го откажа договорот со Русија за…

Американските автомобилски компании ќе произведуваат оружје!

Американските автомобилски компании ќе почнат да произведуваат…

КБС ќе добијат ново оружје во вредност…

Косовските безбедносни сили наскоро треба да добијат…

Стрелачки клуб од Прилеп им продавал оружје…

Стрелачки клуб од Прилеп ќе одговара за…