Почина поглаварот на Албанската православна црква, архиепископот Анастасиј

t

Поглаварот на Албанската православна црква, почина на 95-годишна возраст. Тој почина утрово во болницата „Евангелизам“ во Атина, каде што се лекуваше од 3 јануари, соопшти Албанската православна црква.

„Архиепископот Анастасиј „ја обнови и оживеа Православната автокефална црква на Албанија, целосно ја обнови од урнатините по падот на атеистичкиот режим“, се вели во соопштението на Албанската црква.

Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија Анастасиос (Јанулатос) е роден на 4 ноември 1929 година во Пиреја, пренесува Танјуг.

Бил професор по историја на религиите (1972-1992) и декан на Теолошкиот факултет на Универзитетот во Атина (1983-1986).

Има почесен докторат на 19 универзитети и факултети од Грција, САД, Кипар, Романија, Грузија, Албанија, Италија, а бил дописен член (1993-2005) и почесен член (од 2006) на Академијата на науките во Атина.

За архиепископ Тирана и цела Албанија беше избран во јуни 1992 година, кога во исклучително тешки околности ја основа и ја разви автокефалната Албанска православна црква, која беше целосно запоставена во децениите на комунистичкиот режим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се собираат донации за црквата „Св. Ѓорѓија“…

На социјалните мрежи се појави апел за…

Пожар во католичка црква во Нови Сад…

Пожар избувна утрово на страничниот влез во…

(Видео) Пожарот зафати гробишта и дел од…

Пожарот зафати дел од црква и гробишта…

МВР потврдија: Приведени се луѓето кои ја…

Две лица се приведени попладнево во просториите…

Папата Франциск ги критикува “нефлексибилните” позиции кои…

Папата Франциск во четвртокот предупреди на нефлексибилните…