„Дефендер“ на МВР се судри со автомобил, повредени жена и дете
На 25.01.2025 во 10:06 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Зрновци – Пониква се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дефендер“, сопственост на МВР и патничко возило „опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(31) од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел корса“ – Е.С.Б. и четиригодишно дете од Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани во присуство на претставник од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…
Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…
Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…
Во масовно пукање во градот Ири, во…
Москва ја поздрави пораката на Трамп за…
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…
По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…
Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…