Протести во Србија: Земјоделците пристигнаа во Белград – „Да застанеме во одбрана на нашите деца“

t

Студентите и денеска продолжуваат со блокадите во Србија. Во 11:52 часот на улиците низ Србија и регионот им се оддаде почит на загинатите во трагедијата на Железничката станица во Нови Сад.

Земјоделците од Банатско Ново Село, Владимировац, Долово, Иланџа и Алибунар денеска се собраа на влезот во Ново Село од правец на Панчево за да им дадат поддршка на студентите во блокадата, по што тргнаа кон Белград, до Земјоделскиот факултет, пишува „Н1“.

Митингот се одржува под слоганот: „Да застанеме во одбрана на нашите деца“.

Како што јавуваат медиумите од Србија во 11 часот граѓаните се собраа пред градското собрание во Нови Сад за Дона, кучето кое во петокот загина на блокадата.

Н1 јавува дека денеска протести се одржаа ширум Србија – во Чачак, Панчево, Љиг, Бела Паланка, Нови Сад, Пландиште, Кладово, Косовска Митровица, Ниш, Топола, Крушевац, Грочка, Пожаревац, Зајечар, Горњи Милановац, Батајница, Варварин, Субот. , Крушевац, Горњи Милановац, Ужице, Бајина Башта, Севојно, како и Косјериќ.

Во регионот и пошироко се одржаа собири за поддршка на студентите во Србија Тие беа организирани во Атина, Осло, Базел, Братислава, Нирнберг, Лондон, Базел, Торонто, Прага, Будимпешта и Малта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…