(Фото) Директен судир на два автобуси кај Белград, двајца загинати, десетици повредени

t

Во сообраќајна несреќа што утрово околу 6:20 часот се случила на Обреновачкиот пат, во близина на Белград, се судрија два автобуси, при што загинаа две лица, а неколкумина се повредени, пренесува Телеграф.

„Ниту еден возач не загина, јас бев меѓу првите што помогнав. Патник во автобусот на „Ласта“ загина, а жена беше исфрлена при ударот, од автобусот на ‘Шевиќ Турс’“, изјави сведок на несреќата.

Во болница во Белград се примени 56 повредени лица. Двајца пациенти се во тешка состојба, а дијагностиката е во тек. Сите капацитети на Ургентниот центар се ставени во функција за итна помош на повредените, пренесуваат српските медиуми.

Според неофицијални информации, возачот на автобусот на „Шевиќ турс“, во еден момент почнал да ја престигнува колоната, но не успеал да се врати во лентата на време и директно удрил во автобусот „Ласта“, кој доаѓал од спротивниот правец, објави српски Телеграф.

Како што рече еден сведок, автобусот со голема брзина поминал покрај луѓето на станицата, по што следел страшен судар.

„Пукна како бомба! Автобус буквално помина покрај станицата, луѓето стоеја на станицата и брзо помина покрај нив! Ова изгледаше како директен судар“, рече сведокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…