Вучиќ најави обраќање: Ќе соопштиме важни вести
Српските студенти, кои повеќе од два месеци блокираат десетици факултети во Србија поради трагедијата со уривањето на стреата на железничката станица во Нови Сад, во 10 часот започнаа 24-часовна блокада на Автокоманда – една од најважните сообраќајници во Белград.
Блокадата на Автокоманда следи по општиот штрајк кој се одржа во петокот во Србија. Студенти и други граѓани учествуваа во протестни прошетки. На штрајкот му се придружија медиуми, синдикати, наставници, професори, лекари, адвокати, земјоделци…
Пред почетокот на најголемата студентска блокада досега, српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм го честиташе Денот на Свети Сава и најави: „Бидете со нас, во попладневните часови ќе им соопштиме важни вести на граѓаните на Србија“.
„Некои луѓе мислат дека имаат право да ни ги уништуваат историјата, традицијата, културата. Наше е да одговориме на тоа со мир, трпение и сериозен пристап, на поинаков начин да се воспитуваме и менуваме и себеси и нашите деца, и во иднина тоа никогаш да не ни се повтори“, кажа Вучиќ за упадот на студентите во Матица српска најавувајќи дека на понатамошни напади на институциите остро ќе се одговори.
„Ќе се спротивставиме со сите дозволени и демократски политички средства. За нас е важно на мирен и трпелив начин да покажуваме однос кон политичките противници, да ја зачуваме стабилноста и да покажеме почит кон оние кои поинаку мислат“, заклучи Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…