Муцунски и грчката амбасадорка разговараа за зајакнување на доброседските односи и безбедноста
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со грчката амбасадорка, Софија Филипиду.
Двајцата изразија заедничка подготвеност за натамошно унапредување на билатералната и мултилатералната соработка.
Како непосредни соседи и НАТО сојузници, тие ја потврдија важноста од зајакнување на добрососедските односи и обезбедување на регионална стабилност, безбедност и просперитет, преку целосна ЕУ интеграција на регионот.
Посебен акцент беше ставен на соработката во областа на одбраната, инфраструктурното поврзување, енергетиката, културата, туризмот и, пред сè, економијата. Притоа беше истакнато дека Грција останува еден од најголемите трговски партнери на нашата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…
Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…