Австрија: Босанец примал пензија, а „на црно“ возел луѓе од Босна со минибус – проневерил 100.000 евра

t

Австриските медиуми денеска ја пренесуваат приказната за човек со потекло од Босна и Херцеговина, кој примал пензија во Австрија, а во исто време илегално со минибус превезувал патници од Босна и Херцеговина.

Случајот им станал сомнителен на властите минатата година, кога 59-годишниот возач на минибус со таблички од Босна и Херцеговина бил запрен на преминот Караванке и подложен на имиграциска контрола.

Тогаш било откриено дека тој добива бенефиции од австрискиот пензиски фонд и дека има регистрирано живеалиште во Форарлберг. Понатамошната истрага утврдила дека од 2019 година тој ја поминал границата во истиот минибус дури 752 пати. Притоа, утврдено е дека тој работел на црно како возач, со што затаил шестцифрен данок на доход во Австрија.

Возачот е пријавен кај надлежните, а иако првично бил уапсен, сега е пуштен да се брани од слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…