Калас: Украина е наш приоритет, мора да ја поддржиме
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска на прес-конференција со шведската министерка за европски прашања Џесика Розенкранц и украинската вицепремиерка Олха Стефанишина изјави дека Украина е приоритетно прашање, објавено е денеска на официјалната веб-страница на ЕУ.
„Украина е наш приоритет. Тоа е многу јасно. Мораме да ја поддржиме Украина со поглед кон иднината. Затоа процесот на проширување е исклучително важен, бидејќи им дава надеж на граѓаните на Украина. Се разбира, можеме да зборуваме за кластери, ние може да зборува за поглавја, но за народот на Украина тоа значи дека земјата ќе има подобра иднина кога ќе се обнови по оваа војна“ – рече Каја Калас.
Таа посочи дека мора да се зголеми притисокот врз Русија за да се запре војната во Украина и изрази задоволство што е постигнат договор со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ за продолжување на санкциите против Москва и за заедничка работа на нов пакет санкции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…