СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги оставија граѓаните гладни, сега глумат поддршка!
Македонија е сведок на уште едно класично понижување на граѓаните! Со месеци цените растеа до небо, граѓаните едвај преживуваа од плата до плата, а власта на ВМРО-ДПМНЕ немо стоеше и гледаше како трговските ланци ги цицаат парите на луѓето. Сега кога граѓаните сами се кренаа, тие глумат дека се на негова страна! – велат од СДСМ во соопштение.
„Колку пати кажавме? Колку пати алармиравме? Опозицијата со месеци ги повикуваше властите да преземат мерки, да ги сопрат маркетите во нивната бескрупулозна алчност, да донесат конкретни решенија што ќе го олеснат животот на граѓаните. Наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ молчеше и ги лажеше со шарени ПР кампањи, а сега, кога граѓаните се бесни и решија самите да се борат, тие сакаат да се вклучат во борбата како некакви спасители?! Ова не поминува.
Овој бојкот не е само бојкот против маркетите! Ова е бунт против нечесната власт која со својата неспособност и алчност дозволи народот да биде ограбен! Колку и да се обидуваат да се преправаат, луѓето знаат која е вистината – ВМРО-ДПМНЕ стоеше со скрстени раце додека цените одеа во облаци, додека луѓето броеја денови до следната плата, додека пензионерите не знаеја како да ги платат сметките.
СДСМ ја поздравува храбрсота на граѓаните да се самоорганизираат и ги преземат работите во свои раце. СДСМ уште еднаш ја повикува власта да ги прифати мерките кои со сигурност ќе го решат проблемот: да се укине ДДВ на храна, да се покачи минималната плата и да се покачат платите во другите сектори“, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…