Филипче: Додик во Скопје испрати опасни пораки, Владата молчи

t

„Навистина се испратија многу загрижувачки пораки таа вечер на прославата на празникот Св. Сава и тоа во присуство на премиерот, се поставува прашањето дали знае кој му е вицепремиер и во кој формат му организираат настани“ рече во изјава за тв 21 претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

– Премиерот видовме дека пушти некаква реакција, и се добива впечаток дека премиерот е цело време изненаден, од некои изјави на коалициските партнери. Пред некој ден од Таравари, понатаму и од изјавите на гости којшто доаѓаат од странство. Ние мора да внимаваме кој доаѓа и какви гости каниме, поради тоа што ние сме земја членка на НАТО. Дополнително можеби тоа се изјави кои ги навредуваат чувствата на припадници на одреден народ кај нас, а ние сме мултикултурно, мултинационално, мултиетничко друштво и тоа е нашето најголемо богатство. Треба да се запрашаат можеби и безбедносните служби, знаеле ли кој ќе дојде и какви изјави ќе даваат? Дали можеби станува збор и за хибриден напад? Дали процениле, дали се тоа изјави којшто на една земја членка на и НАТО одат против државните интереси? – рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…

Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…

Централната изборна комисија на БиХ одлучи: Одземање…

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина,…

Додик пред седницата на ЦИК на БиХ:…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, даде…

Додик во посета на Орбан: Благодарен сум…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, објави…

Додик: Очигледно е дека Судот на Босна…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави…