Трагедија: 22-годишна девојка прегазена на „Партизанска“, починала на лице место
Вистинска трагедија се случила вчера откако 22-годишна девојка била удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“. За жал девојката им подлегнала на повредите и починала на лице место.
Како што известуваат од МВР, несреќата се случила вчера во 23:43 часот, каде автомобил „пежо 207“ со скопски таблички управуван од В.Ј.(20) од Скопје, удрил во пешакот Ф.К.(22) од Скопје.
„Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција“, велат од МВР.
Возачот В.Ј. бил уапсен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…