Драматична ноќна полициска потера во Тетово, имало и пукање
Синоќа во 22:05 часот на улицата „Цветан Димов“ во Тетово, полицијата го уапсила Ш.Р.(32) од градот, соопшти МВР.
Тој возел автомобил „Опел“ со скопски таблички, во кој имало уште тројца мажи, а на улицата„Тодор Циповски Мерџан“не застанал на даден знак за запирање кој го дале полицајци.
Кога автомобилот бил запрен на улицата „Радован Цониќ“, Ш.Р. со вратата од возилото удрил полицаец и избегал, пишува во полициското соопштение.
„Тој бил следен, при што полициски службеник испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Околу 22:05 часот, возилото е пронајдено, а Ш.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…
Ова е сликата и светот низ кои…
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…