Бил одговорен млад човек, спортист и вработен: Исчезна 28-годишник од Неготино!
28-годишниот Миле Тодоров од Неготино е исчезнат од 29.01.2025, а неговото исчезнување било пријавено на 30.01.2025 година, кога неговиот татко Д.Т. го пријавил во Полициска станица Неготино.
Според пријавата, Миле заминал од дома и од тој момент се нема јавено. Семејството и полицијата се во постојан контакт и преземаат мерки за неговото пронаоѓање.
Сестрата на Миле во изјава за „Фокус“ откри дека братот бил одговорен млад човек, спортист и вработен, и дека ова е првпат да се случи нешто слично. Според нејзините зборови, Миле заминал на работа во Кавадарци облечен во работничка опрема, со бело палто и црн елек.
Пред заминувањето, Миле на својот работодавач му изјавил дека дава оставка, и тоа го направил смирено, без никакви знаци на загриженост. По разговорот со газдата, тој ја напуштил работата и исчезнал.
Последен пат бил забележан во Марена, околу 10:30 часот, и од тогаш не се знае ништо за него. Полицијата продолжува со истражата и се надеваат на негово брзо пронаоѓање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…
Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…
(Видео) Трамп: Мислам дека е време Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според…
(Видео) Ердоган лично го возеше брзиот воз,…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори…
(Видео) Тензично кај „Краста“: Димитриевски во жестока…
Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот…