Апасиев предлага законски измени: Oграничен мандат и враќање на југословенскиот модел за кривична одговорност на судиите
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи најави законски измени коишто ќе бидат предложени во следниот период од пратеничката група на Левица во однос на судиите.
„Една од причините за внатрешната пропаст на Византија, меѓудругото, е и фамозното слободно судиско уверување кое е непресушен извор на корупција. Кога на ова ќе го додадете и трајниот судиски мандат, вие добивате привилегирана каста која е недопирлива и не ја фаќа закон (не можете да ја тужите и не одговара за ништо)! Она што ни треба како општество е воведување ограничен судиски мандат (од девет години, по примерот на уставните судии) плус, враќање на југословенскиот модел за кривична одговорност на судиите во случаи на непримена, изигрување или злоупотреба на законите. И да знаете дека ова ќе биде предложено од нашата пратеничка група во блиска иднина.
#КорупцијатаУбива” – напиша пратеникот Апасиев на својот Фејсбук профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…