Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „што е можно поскоро“
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека разговорите со професорите и претставниците на универзитетите треба да започнат што е можно поскоро.
„Она што е важно е никој да не ја избегнува својата одговорност, добро да разбере дека разговорот лекува и дека до решенија може да се дојде само преку разговор“, рече Вучиќ во видео обраќањето на Инстаграм по протестите на студентите и граѓаните и блокадата на мостови во Нови Сад. Зборувајќи за изборот на новата српска Влада по оставката на премиерот Милош Вучевиќ, Вучиќ оцени дека тоа мора да биде „српска влада“, или да се одржат нови избори.
„Не ни требаат влади наметнати однадвор и влади наметнати без избори и без волја на народот“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека „непоколебливо ќе ја заштити Србија од оние кои сакаат нејзино уништување“, без да прецизира на кого мисли.
Уривањето на бетонска настрешница на реновираната железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе, предизвика бран масовни протести низ Србија, изнесувајќи десетици илјади луѓе на улиците.
Во изминатите два месеци протестите ги водеа студентите кои блокираа десетици државни универзитети, а клучното барање беше надлежните кривично и политички да одговараат за несреќата.
По нападот на студентите пред канцелариите на владејачката Српска напредна странка во Нови Сад, српскиот премиер Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ поднесоа оставки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…