Коли поминуваат на секои 30 секунди, како таткото на Вања знаел кое возило да го бара на снимките?

t

ОЈО Скопје денеска продолжи со изведување на доказите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако Републичкиот јавен обвинител го отфрли барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски за изземање на целото Основно јавно обвинителство Скопје.

На денешното рочиште се презентираат докази преку презентирање на снимки.

– Минатиот пат застанавме се презентираа видео-записи со движење на Ситроен и Рено Кангу до моментот кога возилата навлегуваат во Дебар маало, односно возилото Ситроен се доближува до улицата Наум Наумовски Борче од каде е извршено грабнување на оштетеното дете Вања. Овој видео запис е обезбеден од хотел „Сити парк“ кој се наоѓа во непосредна близина на зградата каде живеело оштетеното дете и потребно е да се напомене дека реалното време на случување се разликува од времето означено на видео-записот за 20 минути, што значи видео-записот од интерес за постапката започнува во 6 часот и 37 минути. Камерите се поставени пред хотелот „Сити парк“ кон паркингот, камерите што гледаат кон Општина Центар. објасни обвинителката на почетокот на презентирањето на снимките.

Во 6 часот и 37 минути се забележува возилото Ситроен како поминува кај хотелот и врти во десно. Од повеќе агли Обвинителите го покажаа движењето на возилото кон живеалиштето на малолетната Вања Ѓорчевска на денот на грабнувањето на девојчето. Во 6 часот и 38 минути возилото веќе се наоѓа кај зградата од каде е грабнато оштетеното дете.

Од камера од козметичко студио кое се наоѓа на улицата Наум Наумовски Борче, беше презентирана снимка од движењето на возилото Ситроен, на 27.11.2023 година, во реално време 7 часот и 29 минути.

– Би сакала да му обрнам внимание на судечкиот совет дека станува збор за видео-запис за кој сведочеа повеќе сведоци дека обвинетиот Александар Ѓорчевски го праќа на началникот Дејан Димовски со наводи дека нешто му е чудно. Ова е времето кога е извршено грабнувањето на детето. Би сакала да ја погледнеме снимката една минута пред да помине Ситроенот, со цел да се утврди колку возила поминуваат по истата улица во тоа време од денот, понови, постари, што чадат и без да чадат, објасни обвинителката при презентација на снимката и додаде дека во време од само една минута пред поминувањето на возилото со кое е грабната Вања, поминуваат десетина возила. Во време од само 4 минути понапред поминуваат 26 возила. Откако поминува возилото Цитроен по истата улица поминуваат возила на сите 30 секунди, алудирајќи дека обвинетиот Александар Ѓорчевски не можел да го забележи окнкретното возило бидејќи не е сомнително или поразлично од сите други, доколку немал некакви информации за возилото.

Презентирани беа и снимки од менувачница, истиот ден 27.11.2023 година, на улица Наум Наумовски Борче во близина на зградата каде е грабнато детето и продолжува кон бул. „Партизански одреди“.

Презентирани беа и снимки од камерите на „Сејф сити“ за истиот ден, 27.11.2023 година, на коишто се следи движењето на истото возило Ситроен со кое е грабната Вања.

На првиот видео запис кој го презентираше обвинителството се гледаат јасно и регистарските ознаки на возилото ВЕ 2931 АД. Возилото од бул. „Партизански одреди“ оди кон улица „Рузвелтова“ па кон „Илинденска“.

Возилото се забележува и на крстосницана на бул. „8 Септември“ со бул. „Илинден“ и во возилото се забележува дека на совозачкото место седи лице, а и на задното седиште има лице кое се движи лево-десно. Во возилото има три лица.

Во 7 часот 42 минути и 26 секунди возилото Ситроен се забележува на мостот кај “Александар Палас“, на снимката се гледа регистерската ознака и се забележуваат три лица. Возилото продолжува да се движи кон „Момин поток“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува судењето за убиството на Вања и…

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…

Туфегџиќ: Таткото нема поврзаност со убиството на…

Александар Ѓорчевски нема никаква поврзаност со убиството…

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…